Јавното претпријатие „Паркиралишта Струмица“, а во рамките на десетдневната манифестација „Струмица опен фест“ овозможува одредени поволности во паркирањето на возилата на јавните паркиралишта, преку дневна паркинг карта во износ од 200 денари без временско ограничување и во било која зона.Според,
Трајче Тасев, раководител на паркинг и пајак службата, со ова, Јавното претпријатие и општина Струмица јавниот интерес и потребите на граѓаните ги ставаат на прво место. Заедно со организаторот на фестивалот дојдовме на идеја за воведување на одредени олеснувања за потребите на граѓаните кои ќе дојдат во нашиот град. Тоа олеснување е воведување дневна паркинг карта која важи целодневно без временско и зонско ограничување, а акцентот е ставен на два дена, односно, на 14 и 15 август. Ова олеснување го воведуваме за да можат граѓаните полесно да ги задоволат потребите од паркинг места, рече Тасев.