По еднонеделни подготовки, денеска, беше поставен нов слој асфалт на главната патека на градските гробишта во Струмица. Патеката е долга 377 метри, широка е 5 метри, или, вкупната површина со нов
асфалтен слој изнесува 1.887 метри квадратни.Според Костадин Виранов раководител на одделението за погребни дејности при ЈПКД „Комуналец“ ова е првата фаза од асфалтирањето, во втората ќе бидат асфалтирани дополнителни 150 метри и бетонирани споредните патеки.