Уште од раните утрински часови денеска беше работно во стопанскиот двор на Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“. Од повеќе локации во градот се носеа контејнери, кои прво детално се чистеа,
а потоа се дезинфицираа и повторно се враќаа на местата од каде што беа подигнати. Вкупно 150 контејнери беа исчистени и дезинфицирани. Ова е редовна активност на „Комуналец“ во летниот период, а со цел да се отстрани непријатниот мирис од контејнерите во кои меѓу другото се фрлаат и поголеми количества на остатоци од овошје и зеленчук.Чистењето и дезинфицирањето на останатите контејнери ќе продолжи и во наредниот период.