Градскиот парк во Струмица синоќа беше преполн со луѓе кои уживаа во богатата понуда на „Струмица опен фест“. Втората фестивалска вечер понуди незаборавни мигови за љубителите на поезијата, театарот и хип хоп музиката,
покрај прекрасниот амбиент на езерцето, амфитеатарот и во дворот на домот на АРМ каде се одржа и натпреварот во уличен танц.Вечерва фестивалската програма продолжува на истите локации со вечер на поезијата, завршниот концерт на летната школа за класична гитара и алтернативната сцена.