Фондација Отворено општество – Македонија (ФООМ), во соработка со Центарот за граѓански комуникации, како дел од концептот „Општина по мерка на граѓаните“ кој го спроведува во партнерство со Општина Струмица, објавува повик за учесници на обука за претставници од граѓански организации на тема „Мониторинг на јавни набавки“.
Обуката има за цел да им обезбеди на претставниците на граѓанските организации соодветни знаења и вештини за актуелните практики во спроведувањето и следењето на јавните набавки на локално ниво, предизвиците и препораките за унапредување на постапките, како и за доследна примена на Законот за јавни набавки.Обуката ќе се спроведе во деновите 31.08.2015 година (понеделник) и 01.09.2015 година (вторник) во канцеларијата на Центарот на заедницата на општина Струмица (Дом на АРМ Струмица).Сите заинтересирани кандидати треба да се пријават најдоцна до 21 август 2015 година, со испраќање на комплетно пополнета електронска пријава на следниот e-mail: tankica.taukova@ccstrumica.mk. Пријавата може да се преземе од официјалната web страна на Центарот на заедницата на општина Струмица: www.ccstrumica.mk.Директниот линк до повикот и електронската пријава, кои се објавени на официјалната веб страна на Центарот на заедницата на општина Струмица, е следниот:http://ccstrumica.mk/povik-zauchesnitsi-na-obuka-za-pretstavnitsi-od-graganski-organizatsii-na-tema-monitoring-na-javninabavki/.