Во текот на вчерашниот ден во трите средни општински училишта се запишани 36 ученици, по што остануваат околу 290 слободни места.Во СОУ „Димитар Влахов“ најмал инерес има за тригодишното образование-цвеќар градинар и преработувач на жито, брашно и шеќер, каде има 45 слободни места, односно, за цвеќар градинар нема ниту еден пријавен ученик, а во четиригодишното помал интерес има за техничар за фармерско производство и техничар за хортикултура.
Во СОУ „Јане Сандански“, најмал интерес има за банкарски техничар, каде има 22 слободни места, а во СОУ „Никола Карев“ најмал интерес има за геолошко-рударски техничар, каде има 30 слободни места, а во тригодишното образование за монтер 32 слободни места и машинист за термопостројки и бравар 19 слободни места.Училиштата кои во двата уписни рока не ги пополниле утврдените ученички места за запишување според условите на конкурсот, продолжуваат со запишување на учениците до 27 август 2015 година.