Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ од денеска почна со достава на барањата за приклучок на канализацијата во населеното место Костурино, која комплетно е завршена со средства од буџетот на општина Струмица.Синоќа се одржа состанок со претставници на месното население на кој присуствуваа директорот на
„Комуналец“ Зоран Горѓиев, раководителот на работната единица „Канализација“ Трајче Ангелов и раководителот на работната единица „Чистота“ Бранко Ѓоргиев. На состанокот, претставниците на „Комуналец“ ги информираа граѓаните за начинот на кој ќе се врши приклучувањето на канализацијата, која ќе чини 5.600 денари по приклучок.Исто така, беше најавено дека ЈПКД „Комуналец“ и општина Струмица ќе почнат со организирано собирање и транспортирање на отпадот од домаќинствата и тоа два пати неделно.