На предлог на градоначалникот Зоран Заев а по извршените сондажи за потребите и барањата на граѓаните, Општина Струмица има донесено програма за работа врз основа на која е усвоен буџетот за 2015 година од страна на Советот на општина Струмица. Во рамките на оваа програма, предвидени се и низа проекти и за населеното место Добрејци,
чие значење го наметнаа токму граѓаните од оваа село. Овие и сите други проекти, согласно законските процедури имаат своја динамика за реализација, која мора доследно да се почитува.Што се однесува до реновирањето на Домот на културата во Добрејци, важно е да се напомене дека овој објект е еден од шесте Домови на културата во исто толку населени места, за кои Општина Струмица аплицираше со свои проекти во вкупна вредност од 10 милиони денари, до Агенцијата за финансиска поддршка на руралниот развој.Сите граѓани заслужуваат подеднаков третман од Општина Струмица, па дури и оние кои одработуваат осмислено политичко сценарио против градоначалникот Зоран Заев.