Членовите на Комисијата за култура, образование и спорт при Советот на општина Струмица одржаа седница на која ги усвоија извештаите за работа на основните и средните училишта и предлог – годишните програми за работа во учебната 2015/2016 година.
На седницата беа усвоени и програмите за изведување на екскурзии и слободни активности за учениците.Извештаите и предлог – програмите се на дневен ред на 31-та седница на Советот на општина Струмица која што ќе се одржи на 21.09.2015 година (понеделник) со почеток во 11 часот.