Советот на општина Струмица денеска ја одржа 31-та седница на која беа усвоени повеќе предлог одлуки, информации, извештаи и програми за работа.На дневниот ред беа предложени 47 точки и сите беа усвоени. Најголемо внимание кај советниците предизвикаа извештаите за работа во учебната 2014/2015 година и предлог – годишните програми за работа во учебната 2015/2016
година на сите основни и средни училишта на територијата на општина Струмица, како и на градинката „Детска радост“ и музичкото училиште „Боро Џони“. Усвоена е и предлог одлуката за донесување на деталниот урбанистички план за дел од блок 24 на чија површина сегашните сопственици ќе можат да градат и да си ги остваруваат своите права по однос на градба и откупот на градежното земјиште, рече Јосиф Христов, претседател на Советот на општина СтрумицаНа денешната седница беа усвоени и информацијата за јавната безбедност и безбедноста во сообраќајот на патиштата на територијата на општина Струмица за периодот од први јануари до 30 јуни 2015 година, предлог – одлуката за отпис на долг по основ на комунална такса за користење и одржување на јавно осветлување и предлог – одлуките за давање согласност за формирање на паралелки со помал број на ученици во трите општински средни училишта.