Во организација на Сојузот на дефектолози на Република Македонија и општина Струмица во општинското основно училиште „Сандо Масев“ се одржа дводневна обука на тема „Практични пристапи кон децата со аутизам и АДХ“. На обуката учествуваа 35 дефектолози, логопеди, психолози, педагози и родители, а предаваа акредитирани предавачи од Република Србија, специјализирани за својата методолошка област.Според Спасе Додевски, претседател на Сојузот на дефектолози, оваа обука има големо значење затоа што ќе овозможи стручните кадри и родителите да бидат обучени за адекватен методолошки пристап во секојдневното соочување и пракса со овие ученици.
Сојузот на дефектолози останува на своите принципи според кои стручните кадри кои што работат со деца со посебни потреби да ги едуцира во однос на техниките и методите кои што се слабост во нашето општество и во однос на проблемите кои што во секојдневното работење ги имаат дефектолозите и логопедите, и затоа ја организираше и оваа обука. Сојузот на дефектолози оваа обука ја организира со општина Струмица која целосно финансиски го поддржа овој проект преку основните училишта. Ова е доста квалитетна обука од која учесниците ќе излезат со големо искуство кое ќе им помогне во секојдневната работа. Ние продолжуваме и понатаму да опстанеме на принципот да општина Струмица биде најинклузивната општина и да биде најсензитивна општина за оваа област, рече Додевски.Предавачите на обуката ја поздравија поддршката која што градоначалникот Зоран Заев и општина Струмица ја даваат за учениците со посебни потреби, овозможувајќи практична примена на новите методолошки пристапи во образовниот процес.