Во спортската сала на средното општинско училиште „Никола Карев“ денеска се одржа показен час од физичко и здравствено воспитување за децата од градинката „Детска радост“. Дечињата со големо задоволство учествуваа во сите спортски активности организирани од наставниците и уживаа во користењето на спортските реквизити во салата. Според директорот на училиштето Драган Јанков, со овој час практично и започна соработката со сите воспитно – образовни институции од општината и пошироко.