Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ почна со есенското хортикултурно уредување на градот. Уредувањето почна од кружниот тек кај Анска река, каде летните цвеќиња се заменети со хризантеми. Според Ленче Гудева, раководител на единицата „Зеленило“ при ЈПКД „Комуналец“, со хризантеми ќе бидат разубавени и булеварите „Маршал Тито“ и „Ленинова“ и останатите јавни површини кои беа посадени со летни цвеќиња.Во ова есенско хортикултурно уредување на градот планирано е да бидат насадени околу 1.200 хризантеми.