Почитувајќи ја животната средина и спроведувајќи континуирана грижа за неа, општина Струмица и оваа година ќе се вклучи во националната акција „Македонија без отпад 2015“ која што ќе се спроведе на 03.10.2015 година (сабота).
Во рамките на акцијата утре со почеток во 10 часот на улицата „Климент Охридски“, односно, на патот кон населеното место Градско Балдовци ќе се собира отпадот од страна на вработените во Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“. Во акцијата ќе се вклучат и сите основни и средни општински училишта каде ќе се чистат училишните дворови.