Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ почна со чистeње на атмосферскиот канал кои ги прифаќа сите атмосферски води од секундарните канали во населеното место Дабиле и ги носи до главниот канал надвор од селото. Според Тоди Стојанов раководител на работната единица „Муртино“ при „Комуналец“, планирано е оваа акција да заврши за три дена.
Оваа активност се прави се со цел да им се излезе во пресрет на граѓаните на ова населено место, веќе не зафати есенско време и зимата е пред прагот, за да немаат проблеми при големи количини на врнежи од дожд и да не дојде до поплавување на дворните места и земјоделските површини, рече Стојанов. Истовремено со чистењето на атмосферскиот канал, „Комуналец“ ги исчисти и просторот околу гробиштата во Дабиле.