На игралиштето на основното општинско училиште „Маршал Тито“ во Струмица, денеска, поставен е нов асфалтен слој. Со овој градежен зафат опфатена е површина од 800 метри квадратни, а истиот обезбеди подобри услови за изведување на наставата по физичко и здравствено воспитување на учениците во училиштето.Поставувањето нов асфалтен слој е финансирано од буџетот на општина Струмица.