Од 16 до 19 октомври во просториите на средното општинско училиште „Јане Сандански“ се одржува обука за стручните соработници и наставници за идентификација и справување со ученици кои манифестираат емоционални проблеми.
Проектот е поддржан од општина Струмица, а обуката ја спроведуваат психотерапевти од институтот за креативен развој, едукација и психотерапија „Аспекти“.Целта на проектот е наставниците да се стекнат со нови креативни техники за комуникација со децата кои се соочуваат со емоционални проблеми и развивање на позитивна емоционална клима. Обуката ќе се одвива во два циклуса.