Населеното место Дабиле доби уредена јавна површина за игра и релаксација. Новото катче со два острова – хортикултурно уредени, сет од маса и клупи, како и лулашки, од вчера и официјално е ставено во функција на жителите.
Ова уредување на јавната површина во централното подрачје на Дабиле е реализирано во рамките на проектот „Зелена граѓанска акција во Струмица“ кој го спроведува еколошкото друштво „Планетум“ во партнерство со Организацијата на жени и Младинскиот совет кој е финансиски поддржан од УСАИД и ФООМ, а кофинансиран од општина Струмица преку поддршката на невладиниот сектор за 2015 година. Во проектот се вклучени и јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ и одделението за заштита на животната средина при општина Струмица.