По поставувањето на нов асфалтен слој на улиците „Браќа Миладинови“ и „Моша Пијаде“, денеска, се обновуваа забавувачите на сообраќај или популарно наречени „лежечки полицајци“. Вакви забавувачи во наредните денови ќе се постават и на останатите улици на кои е поставен нов асфалтен слој со што ќе се зголеми безбедноста во сообраќајот.