Во селото Свидовица денеска беше посебен ден, ден исполнет со радост, а поводот беше реконструираното подрачно училиште „Даме Груев“. Учениците седнаа во нови простории, а нивните родители среќни што конечно и нивните деца добија солидни услови за изведување на наставата. Среќата со нив ја сподели и градоначалникот Зоран Заев, дечињата го пречекаа со локум и чоколади заблагодарувајќи му се за прекрасните услови кои на негова лична иницијатива, иако тоа е надлежност на министерството за образование, денеска се реалност во ова училиште.Денеска сме со еден прекрасен повод овде во основното училиште „Даме Груев“ од Куклиш, подрачно училиште Свидовица, каде што после долги години, почнувајќи од крајот на 2010, 2011, а посебно 2012 година имаме отворени прашања во делот на потребите на солидни услови за учење на децата од селото Свидовица.