Општина Струмица ја заврши дератизацијата против глодачи. Со оваа постапка беа опфатени сите шахти на канализационата мрежа, а ја спроведе фирмата „Лиса Ком МС“ од Кавадарци која беше избрана за најповолен понудувач на распишаниот јавен повик за дезинсекција и дератизација на територијата на општина Струмица.
Покрај екипите на оваа фирма во извршувањето на дератизацијата учествуваа и вработени од Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“, а целата постапка беше следена од стручните служби на општина Струмица. Дератизацијата се изврши со хемиски мерки, односно, со поставување на специјални отровни мамци во шахтите, а постапката е спроведена во согласност со Законот за заштита на населението од заразни болести и Правилникот за поблиските услови по однос на просторот, опремата и кадарот, начинот и средствата за вршење на дезинфекција, дезинсекција и дератизација.Со оваа постапка општина Струмица спроведе превентивни мерки за заштита на здравјето на граѓаните од заразни болести, затоа што глодачите се нивни потенцијални пренесувачи.