Во последните неколку години, пред воведување на зонското паркирање, Струмица се соочуваше со проблеми во динамичниот сообраќај за сметка на стационарниот. Долж главните булевари во централното градско подрачје, паркираните автомобили зафаќаа две ленти, со што остануваше само една сообраќајна лента за движење. Тоа доведе до попречување и блокирање на движењето на сообраќајниот тек во првата коловозна лента. Од таа причина, се јави потреба Јавното претпријатие „Паркиралишта Струмица“ да изврши анализа на управувањето на понудата на паркинг местата и да воведе контрола на паркирањето. Со тоа во ноември 2014 година отпочна со имплементација на зонско паркирање во централното градско подрачје.По една година функционирање во склоп на зонското паркирање во град Струмица преку смс и греб карти паркирале 124 476 корисници, или во просек месечно се реализирани 10 373 паркинг сесии.
Подетални информации на следниот линк