Нови тротоари со бекатон плочки се прават на улиците „Јане Сандански“ на потегот од улицата „Благој Мучето“ до улицата „Ванчо Китанов“ и на десната страна на улицата „Сава Ковачевиќ“ од улицата „11-ти Октомври“ до улицата „Ванчо Китанов“. Со овој зафат е опфатена вкупна површина од 332 метри квадратни, а средствата се обезбедени од буџетот на општина Струмица.