Се санира спортското игралиште во средното општинско училиште „Јане Сандански“. На вкупна површина од 3.000 метри квадратни се става нов асфалтен слој. Овој градежен зафат кој се реализира со поддршка на општина Струмица ќе обезбеди квалитетни и безбедни услови за изведување на наставата по физичко и здравствено воспитување на учениците во ова училиште.