Градоначалникот Зоран Заев и граѓаните на општина Струмица, уште еднаш ја потврдија взаемната соработка и утврдувањето приоритети при решавањето на проблемите, дури и на тие кои не се во надлежност на Општината. Имено, денеска, заврши тампонирањето на полски патишта во Муртино, а претходно и во Добрејци. Во двете населени места посипани се вкупно 660 метри кубни крупен песочен материјал, со што е надминат проблемот со пристапот до обработливите земјоделски површини.