Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата, денеска, го одбележа светскиот ден за сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди. Во рамките на кампањата за одбележување се одржа сообраќајно дефиле низ централното градско подрачје во кое учествуваа ученици од основните и средните училишта, претставници од општина Струмица, Младинскиот совет, НВО секторот, Црвениот крст и други заинтересирани лица.