Општина Струмица и градскиот округ Електростаљ од московската област на Руската федерација и денеска испратија уште една порака на пријателство и продлабочување на соработката во повеќе области. Посетата на руската делегација започна со средба во кабинетот на градоначалникот Зоран Заев, на која присуствуваа амбасадорот на Руската федерација во Република Македонија Олег Шчербак,
заменик градоначалникот на Електростаљ Владислав Назаров и Виталиј Шапарни член на Советот на градскиот округ Електростаљ. Гостите од Електростаљ му се заблагодарија на градоначалникот Заев за вниманието кое што тој лично и општинската администрација го посветуваат во зајакнувањето на соработката, а ја потврдија и нивната желба оваа соработка да се прошири во повеќе области. На средбата од двете страни беше истакнато дека во завршна фаза се подготовките за официјализирање на економската соработка, а истовремено ќе се унапредуваат и останатите форми на воспоставеното пријателство. Една од нив е и соработката меѓу градинките. Гостите од Електростаљ ја посетија градинката „Детска радост“ Клон 3 и преку подароците кои што им ги врачија на децата им ги пренесоа поздравите од нивните врсници од овој градски округ. Негувањето на пријателските односи продолжи во библиотеката „Благој јанков Мучето“ каде што беше отворено руско катче, а во кое гостите од Електростаљ донираа 480 книги.Навистина овие соработки, пред се, во делот на образованието, културата и економијата како многу значаен сегмент, а денеска со овие книги, го збогатуваат нашето културно миље кое што заедно со споменикот „Македонија“, споменикот на загинатите во пожарот во Струмица и бистата на Јуриј Гагарин кои се изработка на познатиот руски скулптор Потоцки и сите заедно ќе го красат со овие прекрасни дела од познати имиња како што се Гогољ, Пушкин, Толстој, Достоевски и многу други кон кои струмичани некуваат посебна љубов. Оваа донација претставува само уште една потврда на близината меѓу Струмица и Електростаљ, но секако и помеѓу граѓаните на Македонија и на Руската федерација, тука е и заедништвото на нашиот јазик, рускиот со македонскиот јазик, кое што темелите ги има, секако, благодарение на кирилицата која што е создадена од Светите браќа Кирил и Методиј, и ова претставува одлична можност уште еднаш да ги потврдиме нашите трајни врски на две пријателски земји, на два народа и еве на две пријателски општини. Им се заблагодарувам на гостите кои што навистина прават огромни напори за соработката помеѓу нашите две општини и помеѓу нашите земји која расте во обем и станува се поплодна, рече градоначалникот Заев.Задоволството од досегашната соработка го потенцираше и заменик градоначалникот на Електростаљ, Владислав Назаров, кој истовремено ја потврди и силната желба за продлабочување на истата.За прв пат во негувањето на збратимувањето и пријателските односи од средното општинско училиште „Јане Сандански“ во Струмица беше воспоставена видео конференција со Електростаљ, со што се потврди дека не постојат бариери и не постои далечина која што не може да се надмине, а кога за тоа постои силна желба. Преку оваа видео врска градоначалникот Заев и градоначалникот Суханов разменија поздрави, а ученици од Струмица и Електростаљ разменија информации за своите градови.