Струмица има најотчетна и достапна општинска администрација меѓу општините во Југоисточниот плански регион, а го надминува просекот на сите 43 општини опфатени во истражувањето, а спроведено во рамките на проектот „ЛОТОС“. Тоа значи дека Урбанистичките планови се донесуваат во консултација со јавноста, како што е регулирано во Законот за просторно и урбанистичко планирање.
Општина Струмица има комуникациска стратегија и оперативен план за односи со јавност, а на врвот е по праксата на одржување јавни консултации, користење прашалници за задоволство од услугите од речиси сите области.Во спроведеното истражување Струмица е посочена како општина на чија веб страница се достапни информациите и формуларите за остварување на правото за пристап до информации од јавен карактер, а во електронска форма се достапни и формуларите и барањата за остварување на одредени права и користење на општинските услуги. Како посебен позитивен пример е нагласено тоа што на влезот во холот на општина Струмица има поставено и книга за пишување на впечатоци од страна на граѓаните кои ја посетуваат Општината.Ова се само дел од 74-те индикатори врз основа на кои е спроведено истражувањето на „ЛОТОС“, а чии резултати ја направија Струмица прва општина во Македонија по добро владеење, транспарентност и отчетност. Транспарентноста и отчетноста на општина Струмица, секогаш биле, се и ќе останат главни приоритети кои успешно ќе им се спротивставуваат на сите неосновани обиди за извртување на вистината и прикажување на Општината во поинакво издание од тоа во кое таа се наоѓа од 2005 година.