Од 21 март до 23 април јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ и општина Струмица ја спроведуваат традиционалната акција за генерално чистење на градот и населените места, а која годинава се спроведува под мотото „За чиста струмичка пролет“. Според директорот на „Комуналец“, Зоран Горгиев, целта на акцијата која што се реализираше и во изминатите години е да се задржи епитетот кој што го има општина Струмица за чиста средина и раззеленета општина.
„Комуналец“ веќе започна со своите активности уште на 21 март и понатаму ќе продолжиме во тој месец и ја користам приликата да ги повикаме сите граѓани да учествуваат во акцијата, невладините организации, граѓански здруженија кои се од областа на екологијата, но и останатите, а исто така ги повикувам и стопанските и правните субјекти да учествуваат и да ни помогнат. Покрај тоа што ќе ги ангажираме сите ресурси на јавното комунално претпријатие, еве, еден повик и до правните субјекти кои што се претежно во градежниот дел и располагаат со соодветна механизација и возила да се вклучат во тој дел за да можеме побрзо, поуспешно и поефикасно да ја завршиме оваа акција се со цел да имаме една чиста и убава општина како што е и досега. Оваа акција ќе се одвива според соодветна динамика за која граѓаните преку медиумите, а за кои се надевам дека и тие ќе ја поддржат оваа акција, ќе бидат навремено информирани, рече Георгиев во денешната изјава за медиумите, а кој додаде дека ќе се чистат и дивите депонии во градот и населените места. Бранко Горѓиев, раководител на работната единица „Чистота“ информираше за динамиката според која ќе се спроведува акцијата. За постигнување на што подобри ефекти, се договоривме, првиот ден, на 26 март, акцијата да започне од населбите Карпош и Чифлик. Тоа значи во недела ги повикуваме сите граѓани од овој дел на градот да учествуваат во акцијата во која јавното комунално претпријатие „Комуналец“ ќе работи на генерално чистење како на сите улици, и уредување на зелените површини, а граѓаните ќе треба само својот отпад од подрумските простории, дворните места и стариот мебел што го имаат да го извадат пред своите куќни места и да се јават на телефонскиот број 034 325 909 и веднаш уште истиот ден отпадот ќе биде подигнат. На 2 април акцијата ќе продолжи во деловите на градот каде што отпадот се собира во вторник и петок, односно, тоа се деловите покрај транзитниот пат, булеварот и улицата „Маршал Тито“ и долж се до рудникот и третиот реон кој што ќе биде опфатен на 9 април ќе биде во горниот дел на градот каде што отпадот се подига во вторник и четврток. За да не дојде до забуна, секој петок ние ќе ги известуваме граѓаните преку медиумите за да знаат во која недела е вадењето на отпадот од нивните куќи и дворни места. Ги повикуваме сите граѓани активно да се вклучат во акцијата затоа што ова е шанса сите што имаат дома отпад од било каков вид, да го соберем во еден ден со што оваа пролет навистина да биде чиста, рече Горѓиев.