Децата од градот ќе добијат уште едно прекрасно катче во големиот детски парк. Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ деновиве почна со обновување на детското игралиште на кое играчките беа веќе дотраени. Според Ленче Гудева, раководител на единицата „Зеленило“ ќе бидат поставени вкупно 18 нови разновидни играчки наменети за деца од помала возраст. Во близина на детското игралиште планирана е фитнес зона во која ќе бидат поставени 8 фитнес справи. Според најавите од „Комуналец“ поставувањетоќе се реализира во текот на идната недела.