Комисијата за проценка и утврдување на висината на штетата настаната од природни непогоди и други несреќи при општина Струмица го заврши извештајот за штетите предизвикани од снежните врнежи ноќта помеѓу 19 и 20 јануари оваа година.По временската непогода до Комисијата беа поднесени 94 барања за проценка на штетата од кои 55 од населеното место Куклиш, 10 од Муртино, 12 од Баница, 5 од Банско, 3 од Габрово, по 2 од Дабиле, Сачево и Водоча и едно барање од Раборци.