авното претпријатие „Паркиралишта“ започна со пролетното одржување на хоризонталната сигнализација во централното градско подрачје. Со обележувањето најпрво се опфатени пешачките премини, разделните и осовинските линии и паркинг местата. По завршувањето во центарот на градот, обележувањето ќе продолжи пред основните и средните училишта, градинките и во периферните делови на градот. Според Верица Узунова, директор на Јавното претпријатие „Паркиралишта“, со овој прв, односно, пролетен и со есенскиот дел, во оваа 2017 година ќе бидат обележани вкупно 7 илјади метри квадратни хоризонтална сигнализација.