По извршените подготовки, денеска, се постави нов слој асфалт на спојот меѓу улиците „Мара Минанова“ и „Антон Панов“ во Струмица. Овој зафат е реализиран на површина од 1.200 метри квадратни. За поставување на нов асфалт се подготвува и улицата „Бел Камен“. Таму ќе биде асфалтирана површина од 900 метри квадратни.