Вечерва ќе се одржи втората сесија од граѓанскиот буџетски форум

Вечерва со почеток во 17 часот во големата сала на домот на АРМ ќе се одржи втората сесија од граѓанскиот буџетски форум кој се реализира во организација на Центарот на заедницата и општина Струмица. Граѓаните присутни на сесијата ќе имаат можност да дискутираат за развојните програми на општината и истите да ги рангираат. На првата сесија беа предложени следните проекти од граѓаните по работни маси:

Основно образование

1.Реконструкција на кров во ООУ „Св. Кирил и Методиј” – Дабиље
2.Меѓукатна конструкција (плоча) во ООУ „Маршал Тито” – Струмица

Средно образование

1.СОУ „Димитар Влахов” – Дигестатор (вентилатор за лабаратории)
2.СОУ „Јане Сандански” – Санација на кровната површина во новата зграда

Месни и урбани заедници

1.Потпорен ѕид во трета А, урбана заедница „Боро Поцков” ( поради опасност од уривање на објектот и оштетување на приватна куќа) должина од 10 м, висина 2м.
2.Пробивање на улица „Партизанска” од четврта урбана заедница

Локален економски развој

1.Опремување на кино сала по европски стандарди

2.Концертна сала – доградба на општинско музичко училиште „Боро Џони”

Заштита на животната средина
1.Да се уреди површината позади базенот Аквариус и спортската сала „Парк“

Совет на Општина Струмица

1.Проширување на градежниот опфат на општина Струмица за земјиште сопственост на Република Македонија (финансиски средства за изработка на ГУП)

2.Преадаптирање на простории во ООУ “Маршал Тито” од Муртино за училница за новоформирана паралелка

Урбанизам
1.Објект – музеј на карневалски маски
2.Да се обезбеди локација за пцовисани животни

Социјална заштита
1. Дом за стари лица
2. Превоз на лица со посебни потреби до дневниот центар

Култура, спорт и рекреација
1. Влезна електронска рампа во Градска Библиотека “Благој Јанков Мучето” ( за полесен пристап на лицата со специјални потреби)
2. Проект: Струмички приказни – снимање на уште 12 епизоди

Улици и патишта
1.Проширување , уредување и оградување на градските гробишта од кај селото Баница

2. Измена на деталниот урбанистички план – отварање на џеб на ул. „Мирче Ацев” – меѓу куќите со бр. 15 и 17, за кп 841

Општинска администрација

Општинската администрација немаше предлози, се согласи целосно со предлогот на Градоначалникот

Целта на граѓанскиот буџетски форум е зголемување на учеството на граѓаните во процесот на носењето на буџетот на Општината и зголемување на нејзината транспарентност.