Општина Струмица продолжува со негувањето пријателските односи со општините од соседните земји. Денеска ја посети шестчлена делегација на општина Вршец од Република Бугарија, предводена од градоначалникот Иван Лазаров. На средбата со претседателот на Советот на општина Струмица, Јосиф Христов, секретарот Kирил Парталов и претставници на Секторот за локален економски развој и заштита на животната средина се разговараше за воспоставување меѓусебна соработка во областа на туризмот, но се разгледуваа и останатите области во кои преку заеднички проекти можат да се искористат средствата од европските фондови и да се подобри животот на граѓаните во двете општини.