По тампонирањето на полските патишта во Муртино и Добрејци, општина Струмица продолжува со тампонирање на улиците во неколку населени места. Во Банско заврши тампонирањето на четири улици со вкупна должина од 600 метри, а денеска се тампонира улица во населеното место Сачево во должина од 200 метри. Во наредните денови ќе се тампонираат и улици во Свидовица и Куклиш.