Општина Струмица и оваа година им овозможи на граѓаните и на посетителите да уживаат во новогодишното руво на градот. Новогодишниот амбиент се чувствува насекаде, на влезовите во градот, по булеварите, а посебно во централното градско подрачје. Покрај големата елка на плоштадот „Гоце Делчев“,
поставени се поголем број светлечки новогодишни реквизити и украси кои ја направија Струмица како град од бајките. Новогодишното украсување чини 2.229.820 денари, а го изврши фирмата „Линк медиа“ од Скопје која на транспарентен начин беше избрана на јавен тендер.