Во чест на утрешниот Ден на заштитниците на Струмица, денес во Средното општинско училиште „Јане Сандански“ беше отворена „ЈС банка“ за потребите на практичната настава за учениците од стручното образование – банкарски смер. Отворањето на оваа виртуелна банка го помогна Општина Струмица, а нејзиното опремување беше реализирано со донации од банките кои имаат свои експозитури во Струмица, и тоа: „Прокредит банка“ , „Стопанска банка“ , „Охридска банка“ и „Шпаркасе банка“. На свеченото отворање, покрај претставниците на банките од нашиот град, присуствуваа и градоначалникот Зоран Заев и членови на Советот на општина Струмица.