Во организација на Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата -Струмица, во соработка со учениците од основното општинско училиште „Видое Подгорец“, одделението за превенција и секторот за сообраќај при СВР Струмица, децата сообраќајци денеска учествуваа во кампањата за подобрување на сообраќајната култура на учесниците во сообраќајот. Со оваа активност беше одбележан и Денот на полициската превенција, како дел од програмските активности на ОС на БСП.