Плодот од заедничката работа на учениците, наставниците и родителите од двете партнерски училишта „Маршал Тито“ од Струмица и „Маршал Тито“ од село Муртино, со вклученост на општина Струмица како учесници во проектот „Јакнење на меѓуетничката соработка во општините“, кој се спроведува од Македонскиот центар за граѓанско образование (МЦГО),
финансиран од Детската фондација Песталоци, даде резултати во објавените стории во првиот билтен, издаден за целите на проектот.
Преку активности во редовните часови и преку воннаставни активности, учениците од различни етнички заедници имаа можност да се стекнат со знаење и вештини за градење на заемна доверба помеѓу себе. Главниот акцент беше ставен на продлабочување на знаењето и вештините кај учениците во врска со меѓуетничката интеграција во рамките на наставните предмети општество и граѓанско образование, како и преку нивно вклучување во воннаставни активности. Учениците беа активно вклучени во планирањето на активностите, консултирани за време на спроведувањето на активностите и преку фокус групи имаа можност да ги споделат своите впечатоци, искуства, успешни приказни и дополнителни потреби при реализација на идни активности. Во овој прв билтен, меѓу другите е објавена и творбата на Елисавета Ристова, ученичка од ООУ „Маршал Тито“ од Муртино, а поставени се и цртежи од двете партнерски училишта. Во тек се подготовките на успешни приказни и практики за вториот билтен, за кои училиштата и општина Струмица активно ги реализираат програмските активности од овој проект.