Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ почна со изведба на куќните приклучоци на фекалната канализација во населеното место Костурино. Со средства од буџетот на општина Струмица е изведена примарната и секундарната фекална мрежа и со приклучувањето на домаќинствата целосно се заокружува овој проект со кој се решава голем проблем на жителите во ова населено место.
Според досега поднесените барања кај нас, интересот за приклучок е голем, во Костурино има околу 350 домаќинства, а имаме 150 барања, десетина досега се изведени и ако не послужи времето во наредниот период нашите екипи интензивно ќе работат на приклучувањето, рече Трајче Ангелов, инженер во ЈПКД „Комуналец“.