Здружението „Лумен“ од Струмица и Истражувачкиот центар за безбедност,одбрана и мир од Скопје одржаа трибина под наслов „Влијанието на безбедносната култура кај младите во локалната заедница“. Трибината е дел од истоимениот проект кој е финансиски поддржан од општина Струмица преку V2 Програмата за социјална заштита за 2015 година за здруженија и фондации. На трибината се дискутираше за концептот на безбедносната култура, индикатори и предизвици.
Беа презентирани наодите од спроведените активности, меѓу кои и истражувачкиот извештај од спроведената анкета, а беше промовирана и публикација која содржи прирачник за безбедносна култура, истражувачки извештај и поимник за безбедносна култура.Кога зборуваме за безбедносната култура, ние увидовме дека поголемиот дел, особено, помладата публика не знае кои се безбедносните предизвици, ризици и закани кои што постојат на овој простор, како тие да реагираат доколку се најдат во определен проблем и на кои институции да се обратат за помош. Интересно е тоа што со спроведувањето на нашето истражување на тема „Мислењето на граѓаните за нивната безбедност“ увидовме дека како најчести проблеми со кои се соочуваат младите се лошата економска состојба која што ја имаат, исто така се загрозени од кражбите кои што се случуваат на овие простори, рече Васе Русуманов, претседател на Истражувачки центар за безбедност, одбрана и мир.Од здружението „Лумен“ ги информираат заинтересираните граѓани дека можат да се обратат до Здружението за да добијат бесплатен примерок од публикацијата или истата може да ја превземаат во електронска форма на следниот линк:
http://bezbednosnakultura.com/2015/12/19/publikacija-bezbednosna-kultura/