Во населеното место Костурино во тек е изградба на тротоар на десната страна на регионалниот пат кон Валандово. Тротоарот кој ќе биде поплочен со бекатон плочки е во должина од 400 метри, а ширина од 1,2 метри. За овој градежен зафат од буџетот на општина Струмица се издвоени 882.804 денари.