По барање на граѓани од селото Вељуса, а во согласност со програмата за работа на општина Струмица за буџетската 2015 година, денес беа тампонирани три улици во ова населено место. Според зборовите на Тодор Граматиков – раководител на Одделението за комунални работи при Општина Струмица,
трите улици кои се тампонирани со таканаречен „шљунак„ се со вкупна должина од 700 метри. Според него, градежните оперативи на територијата на општината ќе бидат активни се до крајот на годината, при што ќе бидат финализирани уште неколку предвидени инфраструктурни проекти.