Во овој период од годината општина Струмица реализира активности во повеќе населените места со цел да ги подобри условите за живот на граѓаните. Меѓу населените места во кои се работи е и Баница. Екипа на Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ врши реконструкција на чешмата која што се наоѓа среде село, а истовремено се уредува и просторот околу неа. Паралелно со ова се работи и на поставување на автобуска постојка со што ќе се подобрат условите во превозот на жителите на ова населено место.