Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев, денеска, престојуваше во паралелките за образование на деца со аутизам при основното општинско училиште „Сандо Масев“. Ова е традиционална средба која секоја година се одржува пред новогодишните празници, а на која градоначалникот Заев покрај континуираната помош, лично им ја честита Новата година посакувјќи им и на децата се најубаво во истата.Оваа година ја завршуваме успешно во соработка со вработените од центарот за аутизам, со дечињата и нивните родители, а намерата е да продолжиме да ги унапредуваме делот на образовниот процес и секојдневието на децата.