Во рамките на воспоставената соработка помеѓу општина Струмица и фондацијата Отворено општество – Македонија на проектот „Општина по мерка на граѓаните“, денеска во хотелот „Глигоров“ почна обуката за подобро разбирање на ЕУ и пристап до европските фондови (ИПА и Програми на Унијата). Целта на тридневната обука е да се зајакнат капацитетите на општинската администрација и членовите на Советот за активно вклучување на граѓаните во подготовките и донесувањето на локалните политики.
По спроведените две обуки за стратешко планирање и партиципативно креирање политики, оваа е трета од планираните четири обуки планирани во првата половина на 2014 година. По завршувањето на обуките, општинската администрација и и членовите на Советот активно ќе учествуваат во подготвувањето на нацрт – политиките за општината во областите образование, млади, социјална заштита и политика за соработка со граѓанските организации. Концептот „Општина по мерка на граѓаните“ ќе се спроведува во периодот 2014-2017 година, а има за цел зголемување на административните и финансиските капацитети на општината, зајакнување на граѓанскиот сектор за активно учество во животот на заедницата и придонес кон доброто владеење во училиштата.