Јавен повик 2

Врз основа на член 39 од Статутот на Општина Струмица („Службен гласник на Општина Струмица„ бр5/06), и член 49 од Законот за Здруженија и Фондации, Градоначалникот на општина Струмица објавувa

ЈАВЕН ПОВИК

 

За прибирање проекти од областа на „Социјалната заштита“ од Здруженија и Фондации од Општина Струмица за 2014 година, од Програмата V2, Програма за Социјална Заштита -Трансфер до НВО, од Буџетот на Општина Струмица за 2014 година.

 

Финансиските средства предвидени во Програмата V2- Програма за Социјална заштита- Трансфер до НВО, Од Буџетот на Општина Струмица за 2014 година ќе се доделуваат на Здруженија и Фондации од областа на Социјалната заштита по проект.

Право на учество

Како субјекти кои можат да конкурираат со свои проекти се определуваат Здруженијата и Фондации, со седиште во Општина Струмица, како матична општина каде физички ќе се реализираат проектите

Основни критериуми кои треба да ги исполнуват Здруженијата и Фондациите кои учествуваат на овој повик се:

-корисниците да се регистрирани согласно Законот за здруженијата и фондации;

-корисниците да дејствуваат на територијата на Општина Струмица;

-остварување на програмите и дејствувањето да се во рамките на Уставот и Законите на РМ,

 

Посебни критериуми кои треба да ги исполнуват Здруженијата и Фондациите кои учествуваат на овој повик се:

 Предлог проектите да кореспондираат со Стратешките – развојни документи на Општина Струмица.

– Предлог проектите да се од суштинско значење за подигнување на квалитетот на живеењето на граѓаните во локалната заедница во соодветните области.

– Апликантите задолжително да прикажат сопствено учество или кофинансирање од други извори во изност од најмалку 10 % од вкупниот износ на буџетот на самиот проект.

– Доделените средства да се користат исклучително за намената за која се бараат и на начин определен во предлог проектот.

 

Времетраење

Предвидениот период за реализација на проектните активности да бидат 16. јуни до 16 декември 2014 год, со евентуално продолжување на истите заради оправдани причини, по претходно доставено писмено барање од апликантот до општината.

Потребна документација која Здружението или Фондацијата треба ја достави :

  • Апликација-Формулар со буџет кој може да се симне од веб страницата на Општина Струмица www.strumica.gov.mk Истата треба да биде пополнета со печатни букви во кирилско писмо, потпишана од застапникот , заверена со печат и штембил на Здружението или Фондацијата.
  • Задолжителни прилози:

 

1.Копија од Решението за упис во регистарот на Здруженија и Фондации,

2.Профил на организацијата со референтна листа на досега реализирани проекти и партнерство со други здуженија, фондации или организации.

3.Да достават Годишна програма на активности за 2014 година;

4.Извештај за добиените средства од Општината Струмица во изминатата фискална година и начинот на нивната реализација.

5.Електронска верзија на предлог проектот –ЦД

Проектната документација треба да биде доставена во затворен плик

Крајниот рок за поднесување на пријавите е 7 дена од објавувањето на јавниот повик во локалните медиуми и на општинската веб страница.

Пријавата со целокупната документација треба да се достави на рака или преку пошта исклучиво во архива на Општина Струмица на адреса:

Општина Струмица- Одделение за ЛЕР

Ул.„Сандо Масев“ Бр.1, 2400,Струмица

На пликот во горниот лев агол треба да стои „Не отварај“, а во долниот десен агол „За јавен повик по V2 програма за Социјална заштита- Трансфер до НВО.


Aneks1_pravila_v2_2014.pdf
[превземи]

За превземање во DOC формат кликнете овде

Aneks2_obrazec_za_narativen_izvestaj2014_v2.doc

За превземање во DOC формат кликнете овде

Aneks3_baranje_za_plakanje2014_v2.doc

За превземање во DOC формат кликнете овде

aplikacionen_formular_za_v2_2014.doc

 

Напомена: Пријавите со непотполна документација или пристигнати по истекот на предвидениот рок нема да се разгледуваат. Доставените прилози не се враќаат.

Здруженијата или Фондациите учеснички на огласот ќе бидат известени за резултатите во рок од најкасно 7 дена од денот на донесување на Одлуката за распределба на средства од Буџетот на Општината Струмица за 2014 година, наменети за финансирање на програмски активности на Здруженија и фондации.

Лице за контакт: Тони Милушев

Раководител на Одделение за ЛЕР/Општина Струмица

Тел:034/340 224.

mail: toni.milusev@strumica.gov.mk

ОПШТИНА СТРУМИЦА

ГРАДОНАЧАЛНИК

ЗОРАН ЗАЕВ