Улицата „Бетовенова“ ќе добие нов асфалтен слој. Денеска интензивно се работи на завршниот слој, односно тампонирање на улицата, по што во наредните денови таа ќе се асфалтира. Ова значи дека во овој дел на градот, комплетно заврши изведбата на подземната инфраструктура, изградбата на ободниот канал, на фекалната и атмосферската канализација и водоводната линија.
Со асфалтирањето на улицата, целосно ќе се реши еден од поголемите проблеми со кои се соочуваа граѓаните во „Турското маало“. Поради комплексноста на градежните активности, граѓаните подолго време чекаа на решавање на проблемот, но градоначалникот Зоран Заев, Општината и Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ вложија максимални сили и средства овој проблем кој се провлекуваше со години, конечно да се реши. Општината и Комуналец, изразуваат јавна благодарност до жителите на улицата „Бетовенова“ за разбирањето што го покажаа додека се вршеа градежните активности.