Согласно годишната програма, месечниот и неделните планови, комуналната инспекција и редарската служба при општина Струмица во текот на овој месец, освен редовните контроли по барања на граѓаните и службената должност, ќе реализираат и други зачестени контроли со асистенција од полицијата.
Контролите ќе се вршат на јавните површини, од причина што месец јуни е период на градење па граѓаните оставаат градежен шут и градежен материјал. Исто така е период кога се зголемува количество на земјоделски производи, со што се зголемува и бројот на улични продавачи на земјоделски производи, а со самото тоа се јавува потреба од почести контроли на улиците, тротоарите и контроли во сабота околу зелените пазари. Контроли ќе се вршат и за поставување на урбана опрема пред јавни објекти, ресторани и кафулиња.
Од одделението за инспекциски работи при општина Струмица, додаваат дека освен редовните, дневни, ќе се вршат и ноќни надзори.